петок, 27 ноември 2026
Најново

Почна расправата за распуштање на Собранието

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратениците во Собранието на Република Македонија попладнево ја почнаа расправата за негово распуштање за што предлози имаат доставено пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.За предлогот за распуштање на Собранието СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според предлагачите, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.
Собранието претходно денеска го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.
Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности.За предлогот за распуштање на Собранието СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза

Поврзани вести