Со усвојување на програмата за одбележување на Новогодишните и Божиќните празници од страна на Советот, одделението за поддршка на градоначалникот започна со нејзина реализација.Традиционално, и годинава ќе бидат избрани најдобрите новогодишни декорации во трите категории, јавен објект, индивидуален и приватен. Имајќи во предвид дека денес е 1 декември, месецот кој како последен нѐ воведува на крајот и во Новата година, а и тоа дека на 19 декември Штип ќе го одбележи Денот на градот 19.декември – Свети Никола.
– Сакаме да упатиме апел до граѓаните за украсување на нивните дворови и домови во новогодишен амбиент. Секако, секој во рамките на своите можности, со ваквото украсување ќе придонесе за збогатување на новогодишниот амбиент и атмосфера низ градот, и се надеваме дека и годинава како и во минатото тие ќе излезат во пресрет на ова наше обраќање.
-Ние веќе испративме замолница до приватните објекти, до угостителите и рестораните да се приклучат во оваа активност и се надеваме дека и годинава ќе имаме интересни декорации. Доколку некој сака однапред да се пријави за најдобра новогодшна декорација, слободно може да се обрати во локалната самоуправа и наша екипа ќе го посети и декорацијата ќе ја стави на листата кандидати за наградите – велат од општината.
Општината дополнително ќе објави во кои денови ќе изврши обиколка на градот за идентификација на најекспонираните декорации.Традиционално, и годинава ќе бидат избрани најдобрите новогодишни декорации во трите категории, јавен објект, индивидуален и приватен. Имајќи во пр