Од Општина Кисела Вода информираат дека, заради истекот на продолжениот рок за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти, во вторник и среда, на 29 и 30 март, барањата ќе ги прима до 20 часот, додека во четврток, на 31 март, до 24 часот.Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.
Согласно законските измени, за ново поднесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.