Можноста со своите идеи, предлози и сугестии да бидат активни учесници во креирањето на приоритетните проекти за буџетот за 2017 година кој во периодов се подготвува, синоќа ја искористија жителите на Расадник и Припор.Овие две урбани заедници вечерва беа посетени од Претседателот на Советот на општина Кисела Вода и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници од ЈП „Водовод и канализација” и од Полициската Станица од Општа Надлежност- Кисела Вода.
На работната средба во Расадник жителите беа информирани дека Деталниот Урбанистички План за овој дел од општината е во завршна фаза и дека неговата финализација може да се очекува пред крајот на оваа година.
Беа информирани и дека токму Расадник е една од новите три понудени локации на град Скопје за поставување на подземни контејнери. Жителите на оваа урбана заедница побараа поставување на дополнителна урбана опрема, за што им беше ветено дека на повеќе локации ќе бидат поставени нови клупи и корпи за отпадоци. Со жителите на Припор заеднички се дискутираше за проблемите што ги имаат поради специфичната теренската конфигурација на оваа урбана заедница и проблемот со незадоволителниот капацитет на постоечката фекална канализација градена во 70тите години на минатиот век кога бројот на жители во овој дел од Кисела Вода бил многу помал.
Овој проблем треба да се надмине по завршувањето на капиталниот проект на Министерството за транспорт и врски преку Владата на РМ, за изградба на примарна фекална канализациона мрежа која поврзува три општини-Кисела Вода, Аеродром и Сопиште.
Едната од двете нејзини траси минува низ Припор. Општина Кисела Вода веќе изработува проектно-техничка документација за изградба на секундарна фекална канализациона мрежа која ќе може да се изведе по завршувањето на примарната фекална канализациона мрежа и пуштање во употреба на колекторот.
Со почетокот на градежната сезона, тековно ќе се санираат неколку улици кои жителите на Припор ги посочија како приоритетни. Тековно ќе се одржува и уличното осветлување. Во фаза на изработка е ДУП за дел од Припор.
Циклусот на средби со граѓани продолжува со посетата на урбаните заедници Кисела Вода и Бирарија.Овие две урбани заедници вечерва беа посетени од Претседателот на Советот на општина Кисела Вода и тимот составен од раководителите на стручните сл