Денес, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов беше во посета на Општинското Основно училиште „Никола Карев“, каде со скромен подарок на новите првачиња им го честиташе влегувањето во училишните клупи и им посака многу успеси во учењето.Првачињата во придружба на нивните родители, во Општинското основно училиште „Никола Карев“ беа дочекани со свечена приредба спроведена од децата од погорните одделенија, организирана и подготвена од наставничкиот колектив.
Во своето обраќање до присутните градоначалникот Николов рече:
„На сите ученици кои го започнуваат образованието како и на оние кои го продолжуваат образованието им посакувам да нижат успеси и да бидат гордост на нивите семејства. Предност на нашата општина е да имаме што повеќе талентирани ученици кои ќе ја претставуваат општината. Ме радува податокот што ова година имаме 50 првачиња повеќе во однос на претходната година. А во детската градинка ова година имаме најголем број на згрижени дечиња во историјата на градинката 560 деца се згрижени и 20 се на листата на чекање. Се надевам дека оваа тенденција ќе продолжи и во иднина.“Првачињата во придружба на нивните родители, во Општинското основно училиште „Никола Карев“ беа дочекани со свечена приредба спроведена