Во градинката „Срничка“ изминатиов месец се одржаа работилници со кои децата се воведоа во убавините на македонското народно творештво, меѓу кои се запознаа и со народната носија и со дел од накитот и предметите кои се користеле во различни краеви на нашата татковина.Овие активности се спроведуваат со цел кај децата да се поддржува и негува интересот за етнолошкото наследство, преку запознавање со традиционалната култура на своите родители, баби, дедовци, развивање на чувство на припадност кон сопствената култура и традиција, како и прифаќање на вредностите на другите култури.
Овие работилници се реализираа во соработка со Институтот за етнологија и антропологија при универзитетот „Св. Кирил и Mетодиј“.Овие активности се спроведуваат со цел кај децата да се поддржува и негува интересот за етнолошкото наследство, преку запознавање со традиционалнат