СУГС „Здравко Цветковски“ како главен координатор во Македонија на Проектот за мир, и оваа година учествуваше на Годишното собрание во Италија и во конкуренција од деведесетина училишта, го освои петтото место. Овојпат настанот се одвиваше во Лињано, мало приморско гратче, а учествуваа многу училишта од Италија, Германија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија и други.Темата на Годишното собрание беше интернет насилство, и средното училиште „Здравко Цветковски“ учествуваше со свој седумминутен настап подготвен од менторот, професорката Каролина Ивановска, а музиката ја подготви Горан Богданоски од гупата 21:00.
Учениците беспрекорно настапија и достоинствено ја претставија нашата земја. За целогодишната работа училиштето доби специјална пофалница за успешно организирани и спроведени хуманитарни и еколошки акции, хепенинзи и настани.
Темата на Годишното собрание беше интернет насилство, и средното училиште „Здравко Цветковски“ учествуваше со свој седумминутен настап