Успешна завршница на Балканските училишни игри

Во малата сала, во С.Р.Ц „Борис Трајковски“, денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, свечено ги додели пехарите и дипломите на учесниците и победничките екипи на првите балкански училишни спортски игри.Во одбојкарското натпреварување, победник е Општина Карпош, додека второто и третото место им припадна на Стари Град, Сараево, односно на Општина Тиват, Црна Гора.
Во кошарка, прваци се основците од Карпош, додека нивните врсници од Триадица, Софија го освоија второто место. Во шаховскиот натпревар, победници се шахистите од Општина Карпош.

 
Во женска конкуренција победничка е Леа Ефтовска, додека Матео Ефтовски е прв шахист на овој балкански турнир. Во пинг понг натпреварувањето победничка е Матеа Крстаноска од Општина Карпош, додека Амар Џуровиќ е победник во машка конкуренција.
Градоначалникот Јакимовски изрази големо задоволство што токму првиот ваков балкански турнир се одржал во Општина Карпош, истакнувајќи дека ова е одлична спортска дружба помеѓу збратимените балкански општини.
Во одбојкарското натпреварување, победник е Општина Карпош, додека второто и третото место им припадна на Стари Град, Сараево, односно на Општина Т

Пронајдете не на следниве мрежи: