Комисијата за економија и финансии при ОК на ВМРО – ДПМНЕ Битола ги поздравува мерките на Владата на Република Македонија кои се во насока на решавање на еден од најголемите проблеми на секој граѓанин, а тоа е решавање на станбеното прашање, односно обезбедувањето на сопствен дом и живеалиште.За таа цел, Министерството за финансии како иницијатор за реализација на двата проекти од оваа област „Купи куќа – купи стан“, кој стартуваше со реализација во 2012 година и новиот проект „Купи куќа за млади”, кој претставува надополнување на првиот владин проект, започна со интензивна соработка со општините во Република Македонија во насока на обезбедување на локации за изградба на куќи.
Заинтересираноста на општините да се вклучат во реализацијата на овие проекти е голема, при што дури 30 општини од државата се пријавиле да учествуваат во реализацијата на проектот и се ставаат на располагање на заинтересираните граѓани во обезбедувањето на маркици за градежно земјиште за изградба на куќи.
Општина Битола во изминатиот период создаваше услови за заживување, инвестирање и ставање во функција на населбата „Златен рид” во старата касарна при што во овој проект доброволно се вклучува со определување на 500 локации за реализација на проектот, односно со три детални урбанистички планови и околу 500 маркици за изградба на куќи со површина од 300 – 400 м2 по парцела, со што ќе се задоволат амбициите на сите заинтересирани граѓани.
Исто така, општинската администрација во соработка со Министерството за транспорт и врски, кое непосредно е вклучено во реализацијата на овој проект, целосно ќе биде ставена во функција максимално да им излезе во пресрет на сите заинтересирани апликанти во подготовката на потребната документација за аплицирање и добивање на средствата неопходни за реализацијата на овој проект.
– Уште еднаш може да се напомене дека Министерството за финансии како иницијатор за реализација на двата проекти „Купи куќа – купи стан“ и „Купи куќа за млади” обезбедува средства кои заинтересираните граѓани може да ги користат како за купување на нов стан или куќа, така и за купување или изградба на поголем стан или куќа преку продажба на постојниот стан или куќа. „Купи куќа за млади”нуди избор на еден од двата модели со кои Владата преку неповратни средства помага да се отплаќа ратата или го плаќа учеството за станбен кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа, известуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.За таа цел, Министерството за финансии како иницијатор за реализација на двата проекти од оваа област „Купи куќа – купи стан“, кој стар