Комисијата за економија и финансии ВМРО ДПМНЕ ОК Битола ги разгледува и анализира сите мерки кои во континуитет ги спроведува Владата на Р. Македонија.Како најдобри 5 мерки кои ги издвоивме и силно ја поддржуваме Владата во одлуките, а воедно младите ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ги охрабрува за да пристапат кон нивно искористување се следните:
Мерка број 1. Бесплатен превоз за средношколци и студенти.
Со нив се предвидува бесплатен јавен превоз за редовните студенти на државните факултети во Македонија. Од оваа година стартува и проектот „средношколска среда”. Со него, средношколците секоја среда ќе можат бесплатно да ја користат железницата, жичарницата до Водно и бесплатно да посетуваат културни установи во земјата. Веќе од 1 јули се воведуваат бесплатните билети за воз – секој трет викенд во месецот за младите до 27 години. За студентите ќе има бесплатно возење и секој четврток, како и 50 отсто попуст во другите денови.
Мерка број 2. Набавка и пуштање во употреба на нови возови кои најмногу ќе се употребуваат од страна на студентите, односно на младите луѓе.
Првпат по 35 години се инвестираат околу 25 милиони евра за набавка на нови возови. Вагоните ќе бидат климатизирани, со вакумирани тоалети, со добра топлотна изолација, и за зимски и за летни месеци.
Мерка број 3. Намалување на партиципација на факултетите, субвенционирање за упис на техничките факултети и субвенционирање на студентите од самохрани мајки и еднородителски семејства.
„Промена на студентскиот статус“, значи дека студентите кои се запишале на државните универзитети со кофинансирање ќе им се овозможи да им се намали партиципацијата, учеството за 50 отсто доколку го постигнат планираниот просек, со што ќе заштедат половина од сумата за студирање. Проектот ќе почне да се спроведува од септември 2017 година. Популаризацијата на техничките науки кои се дефицитарни е дел од пошироката стратегија за целокупен економски и индустриски развој на Република Македонија. Предвидено е намалување на партиципацијата за 50 проценти за сите студенти од прва до четврта година на државните факултети, кои се деца на самохрани родители, односно потекнуваат од еднородителско семејство во кое вкупните приходи се под износот на нето минималната плата утврдена во земјата.
Мерка број 4. Обезбедување на сопствен дом, со субвенции од владата на Р.М „Купи куќа, купи стан“.
Министерството за финансии со цел да им помогне на оние на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште започна со реализација на два проекти. Средствата ќе може да се користат како за нов стан или куќа, така и за купување или изградба на поголем стан/куќа преку продажба на постојниот стан/куќа. „Купи куќа за млади“ нуди избор на еден од двата модела со кои Владата преку неповратни средства помага да се отплаќа ратата или го плаќа учеството за станбен кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа.
Мерка број 5. Субвенционирање од страна на Владата за отварање на сопствен бизнис и стратегија за привлекување на странски и домашни инвестиции кои ќе отворат нови работни места за младите.
Програмите и мерките за вработување опфатени во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година се спроведуваат од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија со своите Центри за вработување и Министерството за труд и социјална политика. Индустриски зони овозможуваат добри услови за привлекување на странски, а и на домашни компании кои ќе отворат и ќе го прошират својот бизнис. Резултатите од оваа бизнис политика веќе се гледа, отворени се голем број на нови фабрики, намалување на невработеноста, раздвижена економија, задоволна младина.Како најдобри 5 мерки кои ги издвоивме и силно ја поддржуваме Владата во одлуките, а воедно младите ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ги охрабрува за да пристап