Продолжува непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои се дел од насилните и вандалски протести организирани од СДСМ и Сорос.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Овие медиуми отстапуваат илјадници секунди секој ден и објавуваат стотици нарачани написи во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО- ДПМНЕ.
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 792 секунди на централните вести на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 676 секунди во еден блок на централните вести. Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 1468 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати.
Само во месец март СДСМ доби цели 146.850 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда, додека од почетокот на месец април доби 142.428 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.
Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно беа преполни со стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е избалансираното новинарство кое го сака СДСМ – новинари кои се следбеници на нивните насилни и вандалски протессти и кои обезбедуваат илјадници секунди секој ден за лагите и манипулациите на СДСМ. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Овие медиуми отстапуваат илјадници секунди секој ден и објавуваат стотици нар