Под покровителство на градоначалникот на општината, во Демир Хисар се организира првата стрип изложба. Под мотото „За здрава и среќна заедница“, младата демирхисарска стрип цртачка, средношколката Александра Најдовска ги собра авторите на најдобрите стрип цртежи од Македонија на заедничка изложба на стрипови наградувани на разни манифестации во земјава и странство.Замислена и како своевидна трибина за стрипот како уметнички медиум преку којшто се изразуваат модерните и авангардни пројави, односно своевиден и оригинален уметнички израз преку кој што се покажуваат и изразуваат специфични уметнички потенцијали и посебности, на отворањето на изложбата, пред присутните говореа претставници на македонската стрип дирекција со седиште во Велес.
Во речиси седумдеценискиот развој на стриповската свест и творештво на македонско тло, иако се бележи извесно нагорно ниво, сепак резултатите во смисла на поширока јавна и инстритуционална поддршка на овој специфичен ументички израз, сè уште не се на посакуваното ниво. Како илустрација беше спомнат податокот дека, nна пример, максималната државна финансиска поддршка, за една нацртана стрип страница изнесува 610 денари, а цртањето на една страница некогаш може да трае од пет до седум дена.
– Денешнава изложба на стрипови нè прави посебно радосни и горди што непосреден иницијатор и организатор е нашата ученичка Александра Најдовска . Нашиот менаџерски и наставнички тим го следи, поттикнува и поддржува нејзиниот ентузијастичкиот дух и труд и секогаш е најсилната поддршка за сите ученици кои посебно се издвојуваат со својот талент и надареност, рече покрај другото во своето поздравно обраќање директорот на средното училиште Кире Ристевски.
Стрип изложбата во Демир Хисар имаше и хуманитарна димензија што ја организираа активистите на Црвениот Крст, односно проектот „Промоција на хумани вредности“.
Парите собрани од симболичните влезници ќе бидат наменети за спроведување на акција за хуман третман на кучињата скитници во Психијатриската болница.Замислена и како своевидна трибина за стрипот како уметнички медиум преку којшто се изразуваат модерните и авангардни пројави, односно своевиден и