По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност 3-ти декември делегација од општина Прилеп денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, каде на дечињата традиционално им подари торта, а исто така ги посети и посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“. По повод оваа пригода пред дечињата со посебни потреби од Дневниот центар „Ѕуница“ приредба одржаа учениците од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.„Општина Прилеп постојано го поддржува Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, така е и денес по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. И не само што доаѓаме и го посетуваме овој Центар за ваквите денови туку постојано им помагаме на овие дечиња се со цел тие да имаат што подобри услови тука и што подобро да вклопат во општеството“, истакна Марјан Матракоски, советник за образование во општина Прилеп.
„Центарот го посетуват 20 дечиња. Тие во Центарот се згрижени од 7.30 часот до 13.30 часот. Имаме обезбеден превоз од домот на секое дете до Дневниот центар, тука дечињата добиваат и доручек и ручек. Децата се поделени во 3 групи и ние имаме изработено план и програма за секоја група. Основната функција на Дневниот центар е дечињата да излезат од своите семејства, да се дружат и да имаат активности со дечиња од нивната возраст. Имаме проект кој моментално е во тек и се вика инклузивни и креативни работилници во кои што имаме работно оспособување на возрасната група, каде тие изработуваат сувенири“, истакна Снежана Јошеска, социјален работник во Дневниот Центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“.
Делегацијата на општина Прилеп ги посети и посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“, каде исто така дечињата изведоа пригодна програма по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.
„Нашите ученици Меѓународниот ден на лицата со инвалидност го одбележаа со бројни активности преку учество во ликовни работилници со свои изработки и низ игра и песна порачаа една иста порака: „Сите сме исти, иако сме различни“, кажа Рената Андоноска, наставник дефектолог.
„Посебно не радува што во изминатиов период во ова училиште се направија голем број на инвестиции за дечињата да имаат подобри услови за учење и работа и посебно задоволство ни е тоа што за краток временски период треба да заврши проектот кој што е во тек, а тоа е изградба на сензорната соба за децата со аутизам во ова училиште“, додаде Марјан Матракоски, советник за образование во општина Прилеп.
Како дел од одбележувањата на овој ден синоќа во градската бибкиотека „Борка Талески“, здружението „Порака“ одржа трибина чие мото беше „Сите сме различни, сите сме исти“. Целта на ваквите трибини и манифестации е да им се помогне на овие лица полесно да се интегрираат во општеството.
„На овие лица потребно е да им помагаме не само на овој ден туку постојано. Човек да помогне на овие лица е исто како да сте изградиле манастир во душата, така што секоја подадена рака е голем благодет за нив. Овој ден ќе го одбележиме со презентација на драмската секција, музички дел, скечеви, а ќе има излагање и на еден родител кој има дете со посебни потреби и кој успеа од цела Македонија да собере 15 вистински приказни и една од тие приказни ќе биде јавно прочитана“, рече Раде Алјакоски, претседател на НОВ „Порака“.
Како дел од оваа манифестација со свои активности учествуваа и учениците од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп.
„Како училиште подготвивме одредена програма за одбележување на овој ден. Драмската секција ќе изведе една точка, а со своја точка ќе се прикаже и англиската секција. Нашето училиште негува соработка со изведување на хуманитарни активности за да им помогне на овие дечиња да се имплементираат во општеството, за да не бидат различни, да се чувствуваат корисни и да се чувствуваат сакани“, потецираше Билјана Димкоска, професор по македонски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“.„Општина Прилеп постојано го поддржува Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, така е и денес по повод Меѓународниот ден на