Со дефиле на учесниците и нивна изведба на изворни народни песни во центарот на Прилеп започна 42-риот Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.Од преку 500 пријавени, годинава учествуваат околу 350 поединци и групи од цела Македонија и од Србија, Бугарија, Русија и од Австралија. Според уметничкиот директор Родна Величковска од Институтот за фолклор од Скопје, Фестивалот успешно ја негува и ја зачувува изворната фолклорна традиција во Македонија, а таа се пренесува на младите поколенија.
„Доказ за тоа се големиот број нови млади учесници на Фестивалот кои се заинтересирани да ги изучуваат народните инструменти и песни, посочи Величковска во својата изјава.
Утре напладне во киното „Мис Стон“ ќе се одржи реконструкција на стар градски обичај „Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, обичај со длабоки корени во традицијата на прилепскиот крај.
Утревечер од 18 часот на Рудина кај Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер. Во меѓувреме на Фестивалот трета година по ред се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и изворен мелос на кој 30 учесници од Македонија, Русија и Србија теоретски и практично ги изучуваат инструментите гајдат, кавал, тапан и зурла. Фестивалот ќе ги награди најдобрите учесници, ќе додели Гран при награда, а странски гајдаџија ќе ја добие „Гајдата на Пеце Атанасовски“ што ја доделува општината Долнени.Од преку 500 пријавени, годинава учествуваат околу 350 поединци и групи од цела Македонија и од Србија, Бугарија, Русија и од Австралија. Според ум