Завршни активности на проектот WaterNET

Денес на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), се одржа една од последните работни средби за проектот „WaterNET“, кој е заеднички потфат на Охрид и Воден – Република Грција со стручна инволвираност на ФТУ и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун. Заменик градоначалникот Ангел Јанев го изрази задоволството што проектот е во завршна фаза, а предностите од истиот ќе бидат повеќенаменски на задоволство на граѓаните од двете земји.- Овој проект е во согласност со европските и националните политики на двете земји и верувам дека и во иднина ќе имаме уште многу можности за заедничка соработка. Целите што ги поставивме пред нас, каде водата како ресурс е најважната алка како и заедничките вредности кои ги споделуваат Охрид и Воден, верувам дека ќе имаат импакт врз поширокиот регион за слична соработка во иднина, потпирајќи се на принципите за одржлив економски развој и заштита на животната средина – истакна во своето обраќање Јанев.
Претставникот од Воден, Вангелос Кирјаку го истакна големото значење на проектот за двата града, а водата како ресурс е предизвик и во иднина да продолжи взаемната соработка.
– Многу сме задоволни од досегашната взаемна соработка.Проектите кои заеднички ги остваруваме се со цел преку она што неповрзува, а тоа е водата да направиме врвни успеси. Целта ни е преку разни активности да направиме Охрид да добие што поголем број грчки туристи, да се развие нивото на туризам, да го разубавиме делот покрај езерото и националниот парк Галичица. Сакаме Охрид да стане врвна туристичка дестинација. Чекор по чекор во соработка во Општината, факултетот за туризам, студентите, професорите и локалното население, сигурен сум дека ќе го постигнеме тоа – истакна Кирјаку.
Според раководителот на Секторот за Туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов она што е од најголема важност за ова партнерство е успешната соработка на охридските со грчките институции и креирањето и аплицирањето за нови проекти.
– Веќе на повидок е нов надежен проект насловен како вотеренерџи. главната активност во овoј проект ќе биде изградбата наавантуристичкиот парк во шумата Лабино Охрид и ќе биде главна атракција амбиентално креирана шумата и ќе претставува вистинска атракција за нашите и странски туристи – изјави Апостолов.
Проектот WaterNET ќе финишира во декември со целосно завршување на рекреативно – пешачката патека до Горица, изградба на ботаничка градина во рамките на ФТУ и отворањето на инфоцентарот, известуваат од Општина Охрид.- Овој проект е во согласност со европските и националните политики на двете земји и верувам дека и во иднина ќе имаме уште многу можности за заедн

Пронајдете не на следниве мрежи: