Резолуцијата 13 25 донесена од ОН во 2000 година, која се однесува за жените, мирот и безбедноста, беше повод Македонското женско лоби, во Хотелот „Карпош“ да организира работилница на оваа тема пред учесници од локалната самоуправа.Општина Карпош беше претставена од учесници од повеќе сектори и одделенија на општинската администрација кои активно учествуваа преку интерактивна комуникација.
Целта на Македонското женско лоби е преку овој проект да делува на развивањето поголема соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија, организирање на јавна расправа во Собранието на Република Македонија и да ја развие свесноста за важноста на резолуцијата 1325 во рамки на локалната самоуправа.
Од презентацијата, претставниците на Општина Карпош можеа да чујат факти за актуелната состојба во доменот на учеството на жената во донесувањето на одлуки во опшеството. Оваа резолуција е донесена врз база на повеќе актуелни состојби и чинители, а кај нас, врз основа на неа е донесена Национален акциски план поддржан од Владата на Република Македонија, со што и нашата држава се вбројува во државите кои даваат третман на овој проблем.
-Важноста жената да биде вклучена во донесувањето на одлуки, и еднакво да биде застапена во институциите на системот, е од приоритетно значење, особено што денес, во воените конфликти и во поствоените општества, токму последиците од тие настани директно влијаат врз квалитетот на животот на жените, истакна Даниела Димитриевска извршната директорка на Македонското женско лоби, говорејќи за Резолуцијата на жената, мирот и безбедноста.
На работилницата беше напоменато дека локалната самоуправа е значаен чинител во подигнувањето на свеста кај граѓаните во третирањето на овој проблем, па така, претставниците на Општина Карпош имаа убава можност да се едуцираат на оваа тема и да ги споделат своите искуства.Општина Карпош беше претставена од учесници од повеќе сектори и одделенија на општинската администрација кои активно учествуваа преку интерактивна