Шпанија на чекор до финалето во Дејвис купот

Loading...

 

Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија се наоѓа на чекор до пласман во финалето на ова натпреварување, откако по првиот ден, од полуфиналната пресметка, води со 2:0 против САД.

Во одсуство на Рафа Надал, најдобро рангираниот шпански тенисер Давид Ферер го победи Сем Квери со 3:1 (4:6, 6:2, 6:2, 6:4), додека Николас Алмагро по голема борба со Џон Изнер им го донесе вториот поен на Шпанците. Алмагро во маратонски меч победи со 3:2 (6:4, 4:6, 6:4, 3:6, 7:5). 

Во сабота на програмата е дубл мечот Гранољес и Лопез за протвници ќе ги имаат браќата Брајан. 

Во второто полуфинале помеѓу Аргентина и Чешка резултатот е 1:1. Хуан Мартин дел Потро лесно го доби дуелот со Радек Штепанек 6:4, 6:4, 6:2, додека Хуан Монако по голема борба загуби од најдобриот чешки тенисер Томаш Бердих со 2:3. 

 

Макфакс

loading...
Loading...