ПМФЛ: Работнички подобар во дербито со Металург

Loading...

 

Фудбалерите на Работнички и Ренова забележаа победи во воведните две средби од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига. Двата тима против своите опоненти Металург, односно Силекс победија со 2:0.

Работнички во скопското дерби на „Филип Втори“ го совлада Металург, со головите на Плазибат во 15-та и Велкоски во 66-та минута. Металург натпреварот го заврши со двајца фудбалери помалку, уште на самиот почеток во втората минута беше исклучен голамнот Павловиќ, а во 83-та минута црвен картон доби и Митрев. 

Ренова на домашен терен му го нанесе петтиот пораз на Силекс, стрелци на головите за „гипсарите“ беа Емини во 33-та и Симовски во 85-та минута. 

Шестото коло во ПМФЛ ќе се комплетира во недела, лидерот и актуелен првак Вардар за противник ќе ја има Дрита, Напредок во Кичево ја пречекува Шкендија, Тетекс до првите бодови ќе се обиде да стигне против Пелистер, додека Турново ќе игра против Брегалница. 

Табела: 1. Вардар 12, 2. Ренова (+1) 11, 3. Хоризонт Турново 10, 4. Работнички (+1), 10, 5. Металург (+1) 9, 6. Шкендија 8, 7. Дрита 7, 8. Брегалница 7, 9. Напредок 7, 10. Пелистер 7, 11. Силекс (+1) 3, 12. Тетекс 0. 

 

Макфакс

loading...
Loading...