Осум полицајци и четири војници убиени во терористички напад во Турција

 

Во бомбашки напад во источниот дел на Турција, близу градот Бингол, убиени се осум а ранети девет полицајци, јави во неделата агенцијата Anadolu.

Во експлозијата на бомба на магистралниот пат Бингол- Ерзурум, во местото Карлиова, загинале осум полицајци. За нападот е обвинета забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), чии припадници ја активирале експлозивната направа додека се приближувало полициското возило.

Според телевизијата NTV, пак, станува збор за камуфлирана нагазна мина на којашто налетал минибусот што ги превезувал турските полицајци.

Другите ранети полицајци се превезени во локалната болница, а започнати се акции за пронаоѓање на напаѓачите.

Oд друга страна, во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на покраината Хакарија објавено во неделата, се наведува дека во саботата околу пладне била активирана експлозивна направа додека единици на турската армија се движеле по магистралниот пат Хакари  – Чукурча, при што биле убиени четири а ранети пет турски војници.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: