Лоренцо победи во Сан Марино

 

Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, победи на 13-та трка во сезоната во кралската класа, Големата награда на Сан Марино.

Шпанецот до шестата победа оваа сезона, 44-та во кариерата, стигна со време 42:49.836 минути, на патеката „Марко Симончели“ во Мизано.

Второто место го освои миленикот на домашната публика Валентино Роси, кој трката ја започна од шестата позиција, додека трет на целта мина возачот на Сан Карло Хонда Гресини, Алваро Баутиста. 

Освојувачот на пол позицијата Дани Педроса, поради проблеми со грејачот за пневматици, на стартот беше поместен на последната позиција, Шпанецот трката ја заврши по само неколку своици откако од патеката го исфрли Хектор Барбера. 

Со испаѓањето на Педроса, Лоренцо рутински ја извозе трката и стигна до победата, со што предноста во генералниот пласман ја зголеми на 38 бодови во однос на Педроса. 
Валентино Роси, ја извозе својата најдбра трка за Дукати, откако пред две години дојде во овој тим. 

Годинешното првенство во Мото ГП ќе продолжи на 30. септември со трката за Големата награда на Арагон. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: