Четири војници на НАТО убиени во напад однатре

 

Четири војници НАТО се убиени во неделата во Авганистан во уште  еден од ткн напади однатре коишто ги изведуваат напаѓачи во униформи на авганистанските  безбедносни сили и коишто претставуваат се поголем проблем за сојузничките земји во оваа земја.

Четири американски војници се убиени во нападот коишто носеле униформа на авганистанската национална полиција во јужната покраина Забола, соопштија извори од НАТО.

Еден ден претходно авганистански полицаец уби двајца британски војници во покраината Хелманд, силно талибанско упориште .

Во ваквите напади однатре досега во 2012 година се убиени 51 странски војник во Авганистан., што значително го отежнува и ја наруши меѓусебната доверба меѓу коалициските и авганистанските сили коишто треба целосно да ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата до крајот на 2014 година, кога е најавено повлекувањето на меѓународните сили.

Поради драматичното зголемување на овие напади однатре, запрено е регрутирањето во авганистанската армија и во полицијата.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: