ПМФЛ: Вардар убедлив против Дрита

Loading...

 

Актуелниот првак на Македонија, Вардар забележа убедлива победа над Дрита, во последниот натпревар од шестото коло, во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар на „Филип Втори“ стигна до победа од 4:0, откако Дрита успеа речиси цело полувреме да го одржи почетниот резултат. Костовски го постигна првиот гол во 45-та минута, предноста на Вардар ја удвои Костовски во 46-та. Овие двајца беа стрелци и на следните два гола – Петров 69-та и Костовски 77-та минута. 

Претходно, фудбалерите на Тетекс ги освоија првите бодови во сезоната, откако забелеаа победа над Пелистер со 2:0. Божиновски во финишот на првото и второто полувреме беше стрелец на головите. 

Напредок, на домашен терен победи уште еден фаворит, во Кичево, Шкендија загуби со 3:1. Балази и Петревски, му донесоа предност на Напредок во првото полувреме. Со играч повеќе, по исклучувањето на Пашовски, Шкендија преку Али намали на 2:1, но два гола предност на Напредок повторно му донесе Симоновски. До крајот на натпреварот уште еден играч на Напредок доби црвен картон, Степановски во 88-та минута. 

Турново се врати на втората позиција на табелата, откако со головите на Балдовалиев и Блажевски, ја совлада Брегалница со 2:0. 

Во саботата, идентични победи од 2:0 забележаа Работнички против Металург, односно Ренова над Силекс. 

Табела: 1. Вардар 15, 2. Хоризонт Турново 13, 3. Ренова 11, 4. Работнички 10, 5. Напредок 10, 6. Металург 9, 7. Шкендија 8, 8. Дрита 7, 9. Брегалница 7,10. Пелистер 7, 11. Силекс  3, 12. Тетекс 3.

 

Макфакс

loading...
Loading...