Одбојкарите победија но не изборија бараж

 

Македонските одбојкари против Австрија, ја испуштија можноста да изборат место во баражот за пласман на Европското првенство.

На турнирот кој се игра во Острава, Македонија забележа победа над Австрија со 3:2 (25:21, 17:25, 15:25, 25:21, 15:13), која сепак не беше доволна за второто место во Ц групата.  

Фаворитот Чешка во вториот меч од групата ја победи Хрватска со 3:0 (25:15, 25:21, 25:19). 

Во конечниот пласман по двата одиграни турнири, во Виена и Острава, Чешка,  со максинален број на бодови 18 избори пласман на ЕП, Хрватска и покрај поразот со шест бода заврши на второто место и ќе игра во баражот, додека Австрија и Македонија поради полошиот сет количник, а со исто така освоени шест бода се простија со шансите за настап на ЕП кое следната година ќе се игра во Данска и Полска. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: