По повод верскиот празник св.Петар и Павле, традиционално во с.Ратево беше отворен 20-тиот јубилеен турнир во мал фудбал.Турнирот и оваа година го отвори градоначалникот Драги Наџински кој ја истакна важноста од спортот и спортските активности за младите, и кажа дека општина Берово и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски случувања како еден значаен дел од работата на градоначалникот.
Општина Берово организирањето на турнирот и оваа година го потпомогна со издвојување на финансиски средства од Буџетот со што се обезбедија награди за победници.
На турнирот оваа година беа пријавија 13 екипи од малешевијата и пошироко, што говори за фактот дека 20 годишната традиција за организација на овој турнир сеуште го прави еден од најдобрите и најпосетените во малешевијата.
Месната заедница како организатор на турнирот за престојните денови најави и дека во соработка со општина Берово ја организира манифестацијата “Ратевски денови“ на која ќе настапат еминентни македонски музички имиња.
Манифестацијата ќе биде отворена во четврток (14 јули) со почеток во 18 часот за кога е предвидено свои настапи да имаат Момо Николовски и Ратевските зурли, а како гости ќе настапат легендите на македонските народни приказни Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Владо Дојчиновски.
За во петок (15 јули) во програмата ќе настапи Жаклина Узунова, Малешевски мелос и Ратевските зурли, додека во сабота (16 јули) ќе настапат групата Штекици.Турнирот и оваа година го отвори градоначалникот Драги Наџински кој ја истакна важноста од спортот и спортските активности за младите, и кажа дека