21-годишна девојка на забава со употреба на сила им овозможила на две лица да силуваат малолетничка

На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко.

Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.

За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица се денеска изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.