Меркел: Размислуваме за забрана на филмот „Невиноста на муслиманите“

Loading...

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во понеделник дека нејзината влада размислува да го забрани јавното прикажување ма филмот „Невиноста на муслиманите “.

Филмот, што го навредува пророкот Мухамед, предизвика низа насилни протести во муслиманскиот свет.

Меркел вели дека постојат добри причини за забрана на јавното прикажување на филмот во Германија затоа што неговото прикажување може да ја загрози јавната сигурност, но додаде дека во моментот не се размислува за тотална забрана на филмот, пренесе AP.

Германија во текот на викендот го забрани влезот во земјата на американскиот пастор Тери Џонс, кој предизвика гнев кај муслиманите, со плановите за спалување на Коранот на годишнината од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Мала група радикални десничари од Pro Deutschland,која го повикала Џонс, објави дека планира прикажување на спорниот филм во Берлин во ноември и дека сега место него ќе го поканат режисерот на филмот.

Ханс Петер Фридрих, германскиот министер за внатрешни работи порано рече за Der Spiegel дека ќе ги употреби сите средства кои му се нарасполагање за да го спречи прикажувањето на филмот.

макфакс

loading...
Loading...