Неделковска: Агенцијата за млади и спорт дава стипендии, спортистите треба да и враќаат со медали

Loading...

 

Александра Неделковска, претседател на Македонската кик-бокс федерација е единствената жена која го доби државното признание 8-ми Септември. Таа вели дека горда што заедно со својот сопруг го донеле кик-боксот во Македонија бидејќи овој спорт сега е еден од најатрактивните во светот.

Разговараше: Бојана Стојчевска

Зошто го одбравте токму кик-боксот?
Неделковска : Мојата примарна љубов е образованието, а кога се работи за спортот најпрво почна за тренирам кошарка во кошаркарскиот клуб Студент. По некое време почнав паралелно да се занимавам со карате. Во каратето се пронајдов бидејќи е индивидуален спорт . Каратето ми помогна да го пронајдам мојот животен сопатник, мојот сопруг кој исто како и јас беше каратист. Тој почна да се интересира на кик-боксот и редовно да оди на тренинзи во Германија, одев и јас со него, се пробав и во овој спорт и кариерата ја завршив како балкански вице шампион.

Заедно со Вашиот сопруг направивте многу за кик-боксот да се развие во Македонија. Претпоставувам дека движејќи се по тој пат сте имале многу искачувања и падови. Дали на моменти чувствувате дека немате доволно сила да продолижите и посакавте да се откажете?
Неделковска: Да точно е. Во сé што е ново и ти треба да го промовираш наидуваш на препреки и делумни олеснувања. Но, и покрај сé јас никогаш не добив желба да се откажам и цврсто бев решена да му помогнам на мојот сопруг и го донесеме кик-боксот во Македонија. Многу години подоцна се гледа дека успеавме. Тогашниот Сојуз сега е Федерација. Верував во кик-боксот како спорт и мојата интуција се покажа како исправна. Денеска кик-боксот е најатрактивниот спорт од боречките вештини, како во Македонија, така и во светот и меѓу мажите и меѓу жените.

Во Вашата долгогодишна кариера имате многу натпревари на кои сте учествувале и како натпреварувач и како тренер. Може ли да издвоите една случка, момент која никогаш нема да ја заборавите?
Неделковска: Првиот меморијален куп 2010 година посветен на мојот сопруг. Претставници и натпреварувачи имаше скоро од сите држави, тој момент никогаш нема да го заборавам, почитта која му да оддадоа светските спортисти на мојот сопруг.

Како се чувствувавте кога Ве известија дека сте добитник на државното признание 8-ми Септември?
Неделковска: Иницијативата за моето пријавување беше на Кик-бокс федерацијата. Чувството кое ме обзеде кога ми соопштија дека сум добитник на државно признание беше несекојдневно. Не е воопшто лесно да се биде прва меѓу првите. Ми беше драго што бев единствената дама која го доби признанието. Им благодарам и на Агенцијата за млади и спорт и на Владата на Република Македонија, што ни докажа дека мисли и на нас, спортските работници. Сметам дека моето промовирање на државата ме донесе до оваа награда.

Синоќа се вративте од Светското јуниорско-кадетско првенство во Братислава. Како поминавте на ова првенство?
Неделковска: Најискрено очекував многу повеќе. Очекував повеќе бидејќи Агенцијата за млади и спорт на спортистите има дава стипендии, а тие на неа и државата треба да и вратат со резултати, медали. Се вративме со еден бронзен медал и едно петто место. Конкуренцијата беше огромна, околу 1.600 натпреварувачи од 59 земји. Ние отидовме со шест натпреварувачи. Изгубивме на поени што кажува дека се одлучувало за нијанси.

 

Макфакс

loading...
Loading...