ела во распаѓање на 17 мажи се најдени во неделата на фарма во централниот дел на Мексико, веројатно убиени од нарко картелите, соопштија надлежните.
Телата биле фрлени во близина на автопат во градот Тизапен ел Алто на границата на Халиско и Мичоакан, вели обвинителот од Хелиско Томас Коронадо Олмос.
Телата биле откриени за време на прославата на мексиканската независност.
Коронадо Олмос не соопшти дали е откриен и идентитетот на жртвите, но рече дека телата биле голи, осакатени и со синџири околу вратот. Тие биле убиени на друго место, а само биле фрлени, онаму каде што се најдени.
„Нашиот пограничен регион е ранлив за вакви акции и за фрлање тела“, вели обвинителот.
Властите сé уште не се изјасниле за кого мислат дека стои зад убиствата, но регионот е познат по пресметки на криминалните групо, а не може да им се стави крај на шверцот и да се контролираат патиштата по ој се тргува со луѓе.
Mикоакан е земјата на фамилијата Мичоакан и на Кабалерос Темплариос криминални групи, а Хелиско е жртва на бруталните Зетас и Хелиско Нуева Генерација картелите.
Повеќе од 47.500 луѓе се убиени во Мексико од картелите кои шерцуваат дрога од декември 2006 година, кога претседателот Фелипе Калдерон почна воена офанзива против картелите, според последните бројки.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: