Спектакуларен олимпискиот парк во Рио Дежaнеиро

 

Објавена е првата фотографија од изгледот на олимпискиот парк во Рио Дежанеиро, кој се подготвува за Олимписките игри во 2016 година.

Дизајнот на фасцинантниот комплекс го открија британските архитекти кои се ангажирани за проектот. Во паркот ќе има борилишта за 15 спортови на Олимпијадата и 11 на Параолимписките игри, пишува The Sun.

 

Церемонијата на отворање и затворање на Игрите ќе биде одржана на стадионот „Маракана”.

 

Се очекува Рио да потроши девет милијарди фунти за организацијата, исто колку што потроши и Лондон годинава. Овој град ќе биде домаќин и на Светското фудбалско првенство во 2014 година.

 

Еден од британските архитекти ангажирани на проектот за олимпискиот парк во Рио вели дека настојуваат што подобро да ја истакнат убавината и духот на ова место.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: