Познати двојките во Светската група, во Дејвис купот

 

Чешка-Швајцарија и Аргентина-Германија се најпривлечните дуели кои ќе се одиграат во рамките на првото коло во Светската група, во Дејвис купот.

Двојките за првото коло во Светската група беа извлечени во средата, во Лондон. Комплетни двојки во Светската група:

Канада-Шпанија
Италија-Хрватска
Белгија-Србија
САД-Бразил
Франција-Израел
Аргентина-Германија
Казахстан-Австрија
Швајцарија-Чешка

Натпреварите од првото коло ќе се одиграат од 1 до 3 февруари, додека четвртфиналните пресметки на програмата се од 5 до 7 април 2013 година.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: