Вардарки на мегдан со европските шампионки

Loading...

 

Ракометарките на Вардар СЦБТ, предводени од тренерот Индира Кастратовиќ, во среда, ќе имаат вистински тест за можностите на тимот. Во рамките на натпреварите од регионалната лига, во Скопје, ќе гостуваат ракометарките на Будуќност, актуелни европски првенки.

Вардар СЦБТ, во првиот меч во лигата загуби од екипата на Заечар, еден пораз во сезоната има и Будуќност, која загуби од екипата на Подравка. 

Будуќност е фаворит на оваа средба, и покрај тоа што во летниот период екипата ја напуштија највлијателните ракометарки Бојана Поповиќ и Катарина Булатовиќ. 

Дресот на црногорскиот шампион го носи и македонската репрезентативка Елена Ѓеоргиевска.

 

Макфакс

loading...
Loading...