Металург„СТРОГО“: Тимот од Автокоманда им врачи отказ на пет фудбалери!!!

Екипата на Металург се одлучи да им врачи отказ на одредени фудбалери, сред сезона екипата од Автокоманда ги отпушти Кралевски, Мемеди, Тенекеџиев, Начевски и Несторовски.

По шест одиграни кола во Првата Фудбалска Лига на Македонија, екипата на Металург има дури три порази, а во новата сезона влезе како еден од главните конкуренти за освојување на титулата во ПМФЛ, се чини дека лошите резултати се еден од главните причини за ваквата реакција на клубот од Автокоманда.

Во соопштението од клубот се наведува дека одлуката е донесена врз основа на оценката за општиот придонес кон клубот и залагањето и посветеноста на поединци во рамките на целта на клубот.

Вицешампионот Металург, се одлучи на строги мерки, сред сезона се одлучи да ги отпушти Игор Кралевски, Агрон Мемеди, Драган Начевски, Александар Тенекеџиев и Илија Несторовски. Во стручниот штаб го нема повеќе ниту докторот Зоран Ханџиски.

„Не ми е јасно како може да кажат дека не се задоволни од играта со Работнички, а бркаат луѓе кои беа на трибините на тој дуел. Всушност, вистинската причина за овие случувања не ја кажаа. Само ни кажаа дека раководството така решило и тренерите ни ја соопштија таа одлука. Ја прифаќам одлуката, но не на ваков начин. Не ни кажаа зошто сме избркани“, изјави Мемеди за „Утрински Весник“.

Покрај отказот, доколку некој клуб пријави интерес за услугите за наведените фудбалери, истите клубови ќе треба оштета да платат, иако Металург ги отпушти наведените фудбалери.

Фото: Утрински Весник

Пронајдете не на следниве мрежи: