Ракометарките на Вардар загубија од Будуќност

Loading...

 

Ракометарките на Вардар СЦБТ го забележаа вториот пораз во Регионалната лига, откако на домашен терен загубија од Будуќност со 21:26 (12:14).

Актуелните европски првенки имаа контрола врз натпреварот од самиот почеток, а клучната разлика ја направија во последните 15 минути. 

Македонската репрезентативка Елена Ѓоргиевска со пет голови беше најефикасна во редовите на црногорскиот и европски првак, додека по четири гола постигнаа Миљаниќ, Кнежевиќ и Мехмедовиќ. 

Штериова со шест гола беше најефикасна ракометарка на Вардар. 

по две одиграни средби има два пораза (Зајечар и Будуќност), додека Будуќност во четири средби има три победи (Металург, Локомотива и Вардар) и еден пораз (Подравка).

 

Макфакс

loading...
Loading...