Загина шпански велосипедист

 

Шпанскиот велосипедист Виктор Кабедо(23) загина во сообраќајна несреќа за време на тренинг во околината на Валенсија.

Членот на екипата Еускалтел Еускади настрадал при спустот кога врз него налетал автомобил и тоа на само неколку километри од неговиот дом. Младиот Шпанец минатата година стана професионален велосипедист потпишувајќи договор со Еускалтел.

Оваа година возеше на Џиро ди Италија, а минатата година победи на една етапа на трката по Астурија. 

 

Макфакс

 

Извор: Хина 

Пронајдете не на следниве мрежи: