Неофицијално: Идеата на Платини ќе се реализира, ќе има 12/13 организатори на ЕП, но меѓу кандидатите не е Македонија!?

Голема прашина се крена околу состанокот во Будва кој се одржа во организација на УЕФА а присуствуваа сите претставници на фудбалските федерации од регионов. На состанокот присуствуваа Дејан Савичевиќ, Ивица Осим, Бранислав Михајлов, Давор Шукер, Александар Чеферин, меѓу кои и нашиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Интересно е тоа што на овој состанок се зеде збор и се отвори прашањето околу организацијата на Европското Првенство што ќе се одржи во 2020-тата година. Концептот како што налага Мишел Платини, претседателот на УЕФА, е тоа што нуди ова првенство да биде организирано во 12 или 13 градови. На состанокот се дискутираше и форматот на натпреварите во Лигата на Шампионите.

Според информациите кои кружат во регионов, Македонија не е вметната во можните држави кои би имале можност да бидат кандидат за организација на Европското Првенство во 2020-тата година, односно според она што го дознаваме ниту еден град од Македонија не е споменат како потенцијален кандидат од евентуално можните 12 или 13.

12 или 13 организатори како што даде предлог Платини ќе го организираат Европското во 2020-та година.

Според она што го дознаваме, најсериозни кандидати од регионов за превземање на таа сериозна одговорност би биле Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Бугарија.

Првиот човек на Српскиот фудбал Томислав Караџиџ обелодени дека токму претходно наведените држави би имале можност ако ништо друго да бидат кандидати за ова првенство.

„Овој предлог во Будва доби голема поддршка, што практично значи дека во организацијата би се вклучиле и земјите од нашето опкружување, Хрватска, Словенија, БиХ, Бугарија…“ изјавува Караџиџ за „политика.рс“.

Колку за потсетување, ви ги пренесуваме изјавите на Платини јуни оваа година, кога го даде овој интересен предлог.

„Европското Првенство би можело да се организира по цела Европа, би можело да се организира во 12 или 13 различни градови“

„Ова е само предлог, но доколку авионскиот превоз биде ефтин, тоа е изводливо“ изјави Платини на ден пред завршувањето на ЕП 2012.

Фото: Савичевиќ/Платини  (AFPS)

Пронајдете не на следниве мрежи: