Изложба на Васко Ташковски во Куманово

Loading...

Изложба на слики на ликовниот уметник – академик Васко Ташковски ќе биде отворена во четврток во 20,30 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена.

Изложбата содржи 25 дела од најновото творештво на Ташковски,  работени во техниката масло на платно.

„Во тие слики, секој нивни детал како да никне од македонското поднебје, од македонскиот бигор и кремен, од македонските бистри езерски води навезани со блескави метафори, имагинативни, со многуслојни загатки и луцидни возбуди во себе. Во нив академик Васко Ташковски останува верен на своето лирско јадро во сликарството, длабејќи во феноменот на акварелот како израз на техника со своевидни вредности“, вели за него Панде Манојлов.

Васко Ташковски е роден на 31. август 1937 година во село Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958 г. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964 година.

Од 1966 до 1991 година работи како сценограф во Македонската телевизија. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика.

Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

Добитник е на 16 награди и снимени се осум документарни филмови за неговото творештво.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 18 октомври 2012 г.

 

МакФакс

loading...
Loading...