Меркел: И покрај кризата, ЕУ е отворена за цел Западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека вратата на Европската унија и натаму е отворена за сите земји од Западен Балкан кои ќе ги исполнат условите, и покрај кризата во ЕУ.

Меркел во среда во Берлин, по состанокот со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ рече дека Словенија ги исполнила условите, но и дека Хрватска ги исполнила во разумен рок.

Таа додаде дека вратата им е отворена и на другите земји од Западен Балкан, но дека треба да ги исполнат условите.

Одговарајќи на новинарско прашање дали по влезот на Хрватска ќе дојде до пауза во проширувањето на ЕУ, Меркел рече дека иднината на целиот регион е во Унијата.

„Ќе одиме чекор по чекор, но откако државите ќе ги исполнат условите“, рече германската канцеларка.

 

МакФакс

Пронајдете не на следниве мрежи: