225 нови случаи на COVID-19, 4 новозаболени и 1 оздравено лица од Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 1.841 тестирања, при што се регистрирани 225 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
-Скопје 120
-Куманово 10
-Штип 8
-Прилеп 15
-Тетово 17
-Струга 6
-Битола 7
-Охрид 4
-Гостивар 1
-Гевгелија 3
-Струмица 13
-Крива Паланка 2
-Кочани 6
-Пробиштип 2
-Берово 3
-Виница 1
-Делчево 1
-Свети Николе 3
-Кичево 2
-Неготино 1


Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75 и 68 години), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65 години), од Кочани (69 години), од Струга (78 години) и Струмица (64 години).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од:
-Скопје 56
-Куманово 13
-Прилеп 10
-Тетово 10
-Струга 2
-Битола 3
-Охрид 1
-Кавадарци 2
-Гостивар 9,
-Гевгелија 2
-Струмица 14
-Крива Паланка 3
-Радовиш 2
-Кочани 14
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Берово 2
-Делчево 1
-Свети Николе 4
-Кичево 7
-Неготино 1


Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.096, бројката на оздравени пациенти е 15.645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.