Реставраторката што ја уништи иконата со Исус бара хонорар

 

Шпанката Сесилија Хименез, која со својот неуспешен обид за реставрација ја упропасти иконата на Исус Христос од 19 век, сега бара да и се исплати хонорар, бидејќи црквата во која се наоѓа оваа икона стана еден вид туристичка атракција.

Хименез, која има повеќе од 80 години, стана позната ширум светот откако се обиде да реставрира икона од 19 век во локалната црква во местото Борја.

Изменетиот лик на иконата стана сензација на интернет, заради што неколку илјади љубопитни посетители стигнале во црквата за да се потсмеваат на трудот на невештата реставраторка.

Властите се заканија дека ќе ја тужат Хименез за нејзиниот неовластен обид за реставрација на иконата, но таа нагласи дека тоа го направила со добра намера бидејќи на сликата и требало поправка.

Но, популарноста на изменетата икона стануваше сè поголема, па и авиокомпанијата „Рајанер“ понуди евтини билети до блискиот аеродром во Сарагоса за да ги охрабри „верниците“ да ја посетата црквата и да го видат делото на шега наречено „Види мајмун“.

Заради растот на популарноста на „ремек делото“, црквата почнала да наплатува во четири евра за влез и само во првите четири дена остварена е заработка од 2.000 евра.

Адвокатите на Хименез сега инсистираат дека и таа има право на дел од профитот, кој сака да го подари на некоја хуманитарна организација.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: