Пандев со Наполи гостува во Катанија

 

Нема вистинско дерби во рамките на четврото коло, во фудбалското првенство на Италија. Четирите екипи кои по три кола имаат три победи, многу лесно и по четвртата рунда можат да останат со максимален ефект.

Од водечката четворка, само Наполи гостува во оваа рунда. Екипата на Горан Пандев, воедно ќе ја има и најтешката задача да ги освои бодовите, бидејќи гостува во Катанија. 

Јувентус ќе го пречека Киево, Лацио за противник ќе ја има Џенова, додека Сампдорија ќе игра против Торино.

Пет екипи (Каљари, Удинезе, Палермо, Пескара и Сиена) во четвртото коло ќе се обидат да ги забележат првите победи во новото првенство. На клупата на Палермо ќе дебитира Гасперини кој го наследи Санино.

Сабота, 22. септември:
Парма-Фиорентина
Јувентус-Киево 

Недела, 23.септември:
Сампдорија-Торини
Аталанта-Палермо
Болоња-Пескара
Каљари-Рома
Катанија-Наполи
Интер-Сиена
Удинезе-Милан
Лацио-Џенова.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: