ВМРО-ДПМНЕ Под „избалансирано новинарство“ СДСМ подразбира окупација на медиумите

Непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои учествуваат во вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжува со несмален интензитет.На тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа посветени повеќе од 1100 секунди од централните вести на ТВ Телма и ТВ 24 Вести.
Под „избалансирано новинарство“ СДСМ подразбира окупација на медиумите и воспоставување тотална контрола врз нив. За СДСМ се најдобри новинарите и медиумите кои не известуваат за новите проекти и мерки кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, додека истовремено ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди или речиси 50 часа во само еден програмски појас за својата пропаганда од фабриките за афери. Од почетокот на мај на СДСМ му се отстапени 140.395 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.
Мегафоните на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила кои ги шират фабрикациите на Чауш, Заев, Спасовски и останатите портпароли на Фабриката за Афери на СДСМ, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови со безочни лаги од СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола.На тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа посветени повеќе од 1100 секунди од централните вести на ТВ Телма и ТВ 24 Вести.
По

Пронајдете не на следниве мрежи: