Кинез со секира уби три деца

 Кинез со секира уби три деца, а рани најмалку 13 во основно училиште во Кина, соопштуваат кинеските државни медиуми.

Мажот, кој според првичните информации се викал Ву, нападнал група деца кои се наоѓале во училница во градот Пингнан, во автономниот регион Гуагси, јави агенцијата Синхуа.

Напаѓачот, за кој е наведено дека е ментално болна личност, бил уапсен веднаш, јавува АФП.

Во последните две години во Кина имаше повеќе фатални напади врз деца во градинки и училишта, вклучувајќи и пет инциденти во 2010 година, во кој животот го изгубија вкупно 15 деца и двајца возрасни, а беа ранети повеќе од 80 лица.

Властите поради ова ја зајакнаа безбедноста околу училиштата и се обидуваа да ги откријат причините за нападите.

Нивото на насилство во Кина порасна изминатите децении, паралелно со развојот на економија и сè поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Студиите покажале дека е зголемен бројот на ментално заболените лица, што некои експерти го поврзуваат со забрзаното темпо на живот и исчезнувањето на социјалистичкиот систем.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: