Еквадор ја разгледува можноста за пренесување на Асанж во амбасадата во Шведска

Еквадорски официјални претставници изјавија дека ја разгледуваат можноста од Велика Британија да побараат да одобри пренесување на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во нивната амбасада во Шведска, каде ќе одговара по обвиненијата за сексуално злоставување.

Министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патино истакна дека постојат неколку можности со Британија да се реши пат-позицијата околу Асанж.

– Можно е изјавата на Асанж да биде земена во нашата амбасада во Лондон или Еквадор да добие одобрување да го префрли, доколку тоа е потребно, во амбасадата во Шведска, така што случајот може да продолжи таму под заштита на еквадор со што ќе се исполнат барањата на шведстото правосудство, нагласи патино.

Засега нема реакции од страна на британските власти.

Еквадор му даде на Асанж политички азил на 15 август, но британските власти се заканија дека ќе го уапсат доколку зачекори надвор од дипломатското претставништво.

Пронајдете не на следниве мрежи: