Каратистите учествуваат на турнир од Светската лига

 

Каратистите од Макпетрол и Металург, викендов, во Франкфурт ќе учествуваат на петтиот по ред турнир од „,Светската Премиер Карате Лига“.

Предводник на екипата која ќе замине во Франкфурт ќе биде Наташа Илиевска, заедно со искусните Огнен Груевски и се подобриот Ферат Корбуличи. Заедно со нив за Франкфурт заминаа и нивните клупски другари: Томе Тодоровски, Симон Антиќ и младата Сара Радичевска сите од Макпетрол. 

Во експедицијата на Металург се наоѓаат: Мартин Несторовски, Иво Цветковски, Стојан Тасевски и Никола Илоски и Наталина Синдилиева. 

„ Приоритет од учеството на овој турнир е темпирање на формата пред Светското првенство кое треба да се одржи во месец ноември во Париз. Ние во изминатите години освоивме медали од сите најсилни светски карате турнири кои ги организира Светската карате федерација“, вели тренерот Бошко Заборски. 

Најдобро рангирани Македонски каратисти во Светската лига за 2012 година кај девојките се Наташа Илиевска, додека кај мажите тоа е Огнен Груевски. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: