Нова пол позиција за Хамилтон

Loading...

 

Пилотот на Мекларен, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Сингапур, која во недела ќе се вози во рамките Формула 1 првенството.

Британецот доминираше во квалификациите и со најбрзиот круг 1:46.362 минути, на патеката Марина Беј стигна до петтата пол позиција во сезоната, трета на последните четири трки. 

Друштво на Хамилтон, во првиот стартен ред ќе му прави возачот на Вилијамс, Пастор Малдонадо, додека од вториот стартен ред трката ќе ја започнат актуелниот светски првак, Себастијан Фетел на Ред Бул и клупскиот колега на Хамилтон, Џенсон Батон. 

Лидерот во генералниот пласман, Фернадо Алонсо имаше пето најдобро време, до него на стартот од трката ќе биде Пол ди Реста на Форс Индија. Марк Вебер на Ред Бул и 
Роман Горжан се на седмото и осмото место, додека  најдобрите десет во квалификациите ги комплетираа пилотите на Мерцедес, Нико Розберг и Михаел Шумахер.

Трката за Големата награда на Сингапур, единствена ноќна трка во календарот на Формула 1, ќе се вози во недела, со почеток во 14 часот по средноевропско време. 

 

Макфакс

loading...
Loading...