Металург го победи Напредок, Дрита и Турново освоија по бод

Loading...

 

Фудбалерите на Металург забележаа победа над Напредок, во рамките на седмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Металург со головите на Крстев и Чурлинов постигнати во 45-та и 56-та минута обезбеди убава предност, но гостите од Кичево постигнаа гол во 81-та минута преку Симјановски. 

Надежите на Напредок дека ќе може да стигне до бод ги урна Стевановиќ со погодокот во 86-та минута. Конечните Металург-Напредок 3:2 го постави Балази од пенал во последната минута од натпреварот. 

 

Макфакс

loading...
Loading...