Потерница: 100 илјади долари за убиството на авторот на анти-исламскиот филм

Пакистанскиот министер за железница денес понуди награда од 100.000 долари за убиство на авторот на антиисламскиот филм “Невиност на муслиманите”,  а кој инспирираше протести насекаде во светот.

“Објавувам денес дека оној кој ке го убие богохулникот кој го навреди пророкот ке добие награда од 100.000 долари” рече министерот за железница на Пакистан Гулам Ахмед Билур и додаде дека ја повикува и Ал Каеда да се приклучи на тоа “племенито дело”. Тој додаде дека кога би имал шанса би го убил авторот на филмот со сопствените раце/

Во насилните протести во Пакистан поради американскиот анти-исламски филм кои се одвиваа вчера починаа 21 особа, а од почетоткот на протестите има вкупно 50 погинати муслимани.

Над десетици илјади луѓе вчера, после петочната молитва, излегоа на улиците насекаде низ Азија и Блискиот Исток да демонстрираат против филмот поради што беа затворени многу западни дипломатски преставништва.

Пронајдете не на следниве мрежи: