Јунајтед победи на „Енфилд“

 

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, во најголемото дерби на англискиот фудбал, забележаа победа над Ливерпул од 2:1 (0:0).

Домашниот тим речиси 65 минути одигра со играч помалку, откако Шелви доби директен црвен картон, поради опасниот старт врз Еванс. 

Ливерпул, иако со играч помалку, прв дојде до предност, мрежата на Јунајтед ја погоди Џерард, веднаш на стартот од вториот дел. Пет минути подоцна израмни дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел да Силва.

„Црвените ѓаволи“ до победата стигна со голот од пенал, кој на 15 минути пред крајот го постигна Ван Перси.

Претходно, главниот судија пропушти да досуди пенал за Ливерпул, одлука која ќе предизвика многу полемики во Англија. 

По овој меч, Јунајтед има 12 бодови од пет натпревари, додека Ливерпул и по пет кола е без победа, екипата на Брендон Роџерс има освоено скромни два бода. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: