Само бод за Вардар во Кратово

 

Актуелниот шампион на Македонија и лидер во првенството, во Првата фудбалска лига, Вардар, не ја оправда фаворитската улога во рамките на седмото коло.

Вардар, како гостин во Кратово, одигра реми без голови против претпоследната екипа на табелата, Силекс. 

Шкендија, во тетовското дерби го победи Тетека со 4:1, Положани, Неџипи и два пати Ејупи беа стрелци за Шкендија, Митревски го постигна единствениот гол за Тетекс, кој во последните 20 минути играше со играч помалку поради исклучувањето на Георгиевски. 

Убедлив на домашен терен беше и Пелистер, кој со 3:1 ја победи Ренова. Два гола за екипата од Битола постигна Глававски, а еднаш прецизен беше Димитровски, Андонов го постигна единствениот гол за Ренова. 

Победа на домашен терен над Работнички забележа Брегалница.  Митров и Стојанов беа стрелци во победата на Брегалница од 2:0. 

Табела: 1. Вардар 16, 2. Хоризонт Турново 14, 3. Металург 12, 4. Ренова 11, 5. Шкендија 11, 6. Работнички 10, 7. Напредок 10, , 8. Брегалница 10, 9. Пелистер 10, 10. Дрита 8, 11. Силекс  4, 12. Тетекс 3.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: