Филип Жилбер светски првак во велосипедизам

 

Белгиецот Филип Жилбер ја освои титулата светски првак во друмската трка, на шампионатот кој се одржува во холандскиот Валкенбург.

Делницата долга 267 километри од Мастрихт до Валкенбург, Жилбер ја мина со време од шест часа, десет минути и 41 секунда. 

Второто место со четири секунди послабо време од победникот му припадна на Норвежанецот Едвалд Боасон Хаген, додека Шпанецот Алехандро Валверде со заостанување од пет секунди зад победникот се закити со бронзениот медал. 

Бранителот на титулата Марк Кевендиш од Велика Британија се откажа на 140-от километар, а до целта не стигна ниту олимпискиот првак во возење на хронометар Бредли Вигинс. 

Трката ја одбележаа голем број на откажувања, на стартот се појавија 202-ца велосипедисти од кои 90 не стигнаа на целта. 

 

Макфакс

извор: б92 

Пронајдете не на следниве мрежи: